Фудбал
Милевски пред дуелот со Велс: Мораме да бидеме совршени!

Македонската А репрезентација вечерва против Велс го игра натпреварот од второто коло од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026. Селекторот Благоја Милевски ги даде следниве очекувања:
„Велс е анализиран и мислам дека сме подготвени, треба да бидеме беспрекорни на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат.
Ние не сме фаворити. Според ранкингот и квалитетот на Велс се работи за противник кој екстра квалитетни играчи. Сепак, во спортот не секогаш фаворитите победуваат. На нас е да бидеме максимално подготвени, а колку ќе успееме до позитивен резултат ќе видиме. Велс е можеби најсериозен противник откако сум досега на кормилото на А-репрезентацијата. Ова е компактна селекција, тркачки совршена, технички многу унапредена и не очекува сериозен тест. Сега ќе играме со различен противник од саботата“.