SportM
Фудбал

Молк на Алијанц Арена, каква победа на Интер (ВИДЕО)

Редакција8 апр 2025
Молк на Алијанц Арена, каква победа на Интер (ВИДЕО)

Интер се враќа со голема победа од гостувањето во Минхен каде славеше со 1:2. Ова секако е шок за Баерн, ако се знае како Италијанците стигнаа до победара. Првите 30 минути неколку големи шанси за домаќините, статива на Кејн и четири одлични интервенции на Сомер. Но, во 38-ма минута молк на Алијанц, фантастична акција и Лаутаро погоди за 0:1. Во вториот дел Интер организиран, Баерн со иницијатива, но за израмнување се чекаше до 85-та минута кога Милер, кој влезе од клупата, погоди за 1:1. Но, три минути подоцна нов шок за Баерн, фантастична акција на Интер, а Фратези погоди за победа од 1:2. Реваншот е на 16-ти април.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.