SportM
Фудбал

Морбидно скандирање на фановите кон играч на Реал Мадрид, судијата го прекина мечот, на крајот победа (ВИДЕО)

Редакција27 фев 2025
Морбидно скандирање на фановите кон играч на Реал Мадрид, судијата го прекина мечот, на крајот победа (ВИДЕО)

Реал Мадрид како гостин славеше против Реал Сосиедад со 0:1 во Купот на Кралот, но брз мечот остана црна дамка навивањето на домашните фанови. Два некоректни моменти. Првиот инцидент се случил во последните моменти од првото полувреме кога е забележан навивач кој прави мајмунски гестикулации кон крилото Винисиус Жуниор. Бразилецот и претходно беше цел на расистички напади во текот на кариерата во Шпанија, а синоќешниот натпревар беше особено значаен за него бидејќи првпат ја носеше капитенската лента за Реал.


Од трибините имаше и извици „Асенсио умри“, упатени кон играчот Раул Асенсио, па шпанскиот судија Хозе Марија Санчез Мартинез го активираше протоколот против расизам на Ла Лига и го прекина натпреварот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.