Connect with us

Фудбал

Му се потсмеваа, но тој процвета по заминувањето од Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Бразилецот Антони беше предмет на потсмев од фудбалските фанови додека беше член на Манчестер Јунајтед, а процвета по заминувањето од „Олд Трафорд“.

Антони (24) во јануари пристигна на позајмица во Реал Бетис, каде што има фантастични перформанси и дури сега покажува зошто Јунајтед плати 95 милиони евра за него.

На четири настапи за Бетис, Антони има три гола и една асистенција, а синоќа постигна нов гол во победата на Бетис над Сосиедад во Ла Лига. Тимот од Севиља победи со убедливи 3:0, а Антони беше тој што го отвори резултатот  со фантастичен гол во 51. минута.