Connect with us

Фудбал

На Ливерпул против Евертон му се случи нешто за прв пат во историјата, одлуката секако е на тренерот Слот (ВИДЕО)

Евертон – Ливерпул, одиграа 2:2 во одложениот натпревар од 15. коло на Премиер лигата. Она што го привлече вниманието,  уште пред да започне мечот е составот на Ливерпул со кој испиша историја. За дербито на Мерсисајд, менаџерот на „црвените“ Арне Слот избра стартен состав без ниту еден играч од англиска националност.

Тоа е потег досега невиден во Премиер лигата во клубот од градот на Битлси.

Алисон, Бредли, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Гравенберх, Мекалистер, Салах, Собослаи, Гакпо и Дијаз беа изборот на холандскиот тренер за натпреварот против Евертон. И покрај присуството на двајца британски играчи – Конор Бредли (Северна Ирска) и Енди Робертсон (Шкотска), ниту еден Англичанец не се најде меѓу избраните стартни состави.

Што се однесува до Англичаните, на клупата останаа Кертис Џонс, Трент Александер-Арнолд, Харви Елиот и Џарел Куанза, како и Португалецот Диого Жота.

Ливерпул е лидер во Премиер лигата, со шест бода повеќе од второпласираниот Арсенал, а доколку победи на овој меч предноста во однос на „тоџчиите“ ќе се зголеми на девет бода, а до крајот на првенството остануваат уште 14 кола.