SportM
Фудбал

На сите им е веќе јасно: Се знае за кого ќе потпише Антонио Рудигер на крајот од сезоната

Д М25 апр 2022
На сите им е веќе јасно: Се знае за кого ќе потпише Антонио Рудигер на крајот од сезоната

Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер одлучи да го напушти Челзи на крајот од оваа сезона.

Рудигер веќе неколку сезони е стандарден играч на „сините“ и клубот сакаше да му го продолжи договорот кој истекува на крајот на оваа сезона, но Германецот на крајот „скрши“ и реши да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Дефанзивецот веќе ги известил Томас Тухел и челниците на Челзи дека нема да го продолжи договорот и дека на крајот од оваа сезона без обештетување ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Пред неколку дена се појави информација дека Рудигер добил понуда да потпише за Реал Мадрид, а се чини дека веќе се е јасно.

Фабрицио Романо утрово потврди дека Реал Мадрид договорил се со Рудигер, и дека сега е речиси сигурно дека овој дефанзивец кариерата ќе ја продолжи во дресот на кралскиот клуб.

Договорот се уште не е потпишан, но Рудигер и Реал ги договориле речиси сите услови на истиот. Станува збор за долгогодишна соработка, а наскоро ќе се договорат сите други ситни детали, по што Рудигер ќе може да потпише соработка со Реал.

За Реал ова сигурно ќе биде големо засилување во одбраната и очигледно е дека не им беше проблем да му ја дадат на Рудигер огромната плата што ја бараше од Челзи, но на крајот не се согласија на тоа во Лондон.

Тухел вчера пред натпреварот против Вест Хем потврди дека Рудигер веќе му кажал дека го напушта клубот.

“Ситуацијата е таква што тој сака да го напушти клубот. Тоа ми го кажа во приватен разговор. Клубот и јас дадовме се од себе да го задржиме, но повеќе не можеме да се бориме за се што се случува”, изјави Тухел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.