Фудбал
Најлоша сезона во целата кариера, Гвардиола сруши свој негативен рекорд по поразот од Ливерпул (ВИДЕО)

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го собори својот рекорд за најмногу порази во една сезона.
Манчестер сити викендот на домашен терен загуби од Ливерпул (0:2) во 26. коло од Премиер лигата.
Менаџерот на Сити го загуби својот 14-ти натпревар оваа сезона. Ова е неговиот најлош рекорд во целата негова тренерска кариера.
Претходно „Граѓаните“ загубија од Тотенхем (1:2), Борнмут (1:2), Спортинг (1:4), Брајтон (1:2), Тотенхем (0:4), Ливерпул (0:2), Јувентус (0:2), Манчестер јунајтед (1:2), Астон вила (1:2), ПСЖ (2:4), Реал Мадрид (2:3 и 1:3), Арсенал (1:5).
Гвардиола пред да работи во Англија беше тренер на Барселона и Баерн минхен.