Фудбал
Наполи го купи за 13 милиони, а ќе го продаде за 80 на ПСЖ?!
Иако одредени светски медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед имал идеја Маркус Рашфорд да го размени за Квича Кварацхелија од Наполи, сепак најверојатно од тоа нема да има ништо. Според „Скај Италија“, Грузиецот е најблиску до ПСЖ, кој наводно е подготвен да плати 80 милиони евра за неговите услуги. За потсетување, Наполи го плати Кварацхелија 13,1 милиони евра на Динамо Батуми во јули 2022 година.
Според „Трансфермаркт“ тржишната цена во моментов на овој фудбалер е 85 милиони евра. Наводно Наполи од тие пари потоа ќе ги ангажирал Киеза од Ливерпул или Жгерова од Лил во нападот, а Фратези или Пелегрини во средниот ред. Сето ова може да се реализира во овој јануарски преоден рок.