SportM
Фудбал

Наполи не сака да плати 17 милиони евра, Елиф Елмас го одбил Фенербахче, сака во Премиер лигата, а има еден заинтересиран клуб!

Редакција4 јун 2026
Наполи не сака да плати 17 милиони евра, Елиф Елмас го одбил Фенербахче, сака во Премиер лигата, а има еден заинтересиран клуб!

Според  италијанскиот Тутомеркато, иднината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сè уште е неизвесна. Играчот од средниот ред, оваа сезона во дресот на Наполи запиша вкупно 44 настапи во сите натпреварувања

Наполи, кој минатото лето го врати Елмас во своите редови преку позајмица со опција за откуп од Лајпциг, одлучи да не ја активира клаузулата за откуп вредна 17 милиони евра, сметајќи дека сумата е превисока. Одлуката за разделба со фудбалерот, кој беше еден од клучните членови на тимот што го освои историското Скудето под водство на Лучано Спалети, била донесена уште пред неколку недели.

Во меѓувреме, турскиот гигант Фенербахче испратил многу примамлива понуда, но Елмас ја одбил. Според информациите, негов приоритет е да остане во некоја од најсилните европски лиги, а особено го привлекуваат Серија А и Премиер лигата.

Во моментов најсериозен интерес покажува Астон Вила, иако сè уште нема официјална понуда. Следните недели ќе бидат клучни за одредување на неговата иднина.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.