Connect with us

Фудбал

Наполи се „удави“ во Комо, Интер нов лидер (ВИДЕО)

Довчерашниот лидер Наполи се „удави“ на стадионот „Џузепе Синигалија“ во близина на езерото Комо. Истоимениот домашен тим го совлада тимот на Антонио Конте со 2:1, со што му овозможи на Интер по вчерашната победа над Џенова да го запоседне врвот со еден бод предност.

Мрежата на гостите се затресе уште во 7-та минута кога Рахмани постигна автогол. Десет минути подоцна следуваше израмнување преку Распадори, а Комо до победата дојде по голот на Диао во 77-та минута. Наполи одигра навистина лошо и во вториот дел речиси и да немаше т.н. 100 процентна шанса за гол. Во следното коло се среќаваат во Неапол токму Наполи и Интер.


Standings provided by Sofascore