SportM
Тајм аут

„Навреда за земјата!“: Џорџина ги налути Арапите со голи фотографии покрај базен

Д М11 мај 2023
„Навреда за земјата!“: Џорџина ги налути Арапите со голи фотографии покрај базен

Понежната половина на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, објави фотографии на кои леже покрај базенот во нивната семејна куќа во Ријад. На нив Шпанката со аргентинско потекло е облечена во исечен син костим за капење, а фотографиите за 24 часа собраа повеќе од 4 милиони лајкови.

„Секое небо има своја сенка“, напиша мајката на две од децата на фудбалерот до својата публикација. Меѓу коментарите на нејзините фотографии се издвојуваат многу напишани на арапски јазик. Со повеќето од нив, Саудијците ја изразуваат својата навреда поради тоа што една жена се фотографира така гола во нивната земја, во нивниот главен град, а потоа ги објавуваат фотографиите.

„Владата треба да го забрани објавувањето, но тоа е дозволено за странци, но не за граѓани и жители на Саудиска Арабија“, напиша корисник на Инстаграм на фотографиите.

„Со Бога, ова е навреда за земјата на двете свети џамии“, гласи друг коментар на арапски. „2030: Саудиска Арабија станува како Емиратите, немојте да се чудите“, додаде трет.

Објавата на Родригез предизвика вистинска дебата меѓу нејзините следбеници, а еден од нив праша зошто некои Саудијци велат дека постапките на Шпанката се нормални бидејќи таа не е муслиманка.

„Пред неколку дена напишаа дека Џорџина ја почитува Саудиска Арабија и нејзините обичаи и носи пристојна облека, а сега кога другите прашуваат што е оваа голотија, Саудијците им велат дека тоа е нормално бидејќи таа не е муслиманка“, напишала Арапката. Поранешна колешка на Џорџина во продавницата Гучи изјавила дека долго време „ловела“ милионер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.