Фудбал
Не е само кај нас синот на тате мора да игра и во Италија го има тоа-Екс ѕвездата на Милан доби отказ, па по три часа вратен на работа

Легендарниот италијански фудбалер на Милан Игнацио Абате доби отказ од клупата на Тернана затоа што не сакал да го „форсира“ синот на претседателот, а три часа подоцна беше вратен на работа.
Во еден од најневеројатните настани во светот на фудбалот, претседателот на италијански третолигаш му врачи отказ на Абате, а потоа го врати на функцијата три часа подоцна по спорот со управниот одбор околу изборот на тимот. 38-годишниот, кој одигра повеќе од 300 натпревари за Росонерите, а подоцна беше тренер на тимот до 16 години на италијанскиот гигант, како и на јуниорскиот тим на познатиот клуб, ова лето стана тренер на Тернана откако ги напушти младинските редови на Милан.
Тернана моментално е втора во групата Б од третото ниво на италијанскиот фудбал, со само три бода помалку од лидерот Виртус Ентела, што не ги задоволи челниците на клубот. Имено, локалните извештаи укажуваат дека причина за неговиот шокантен отказ била одлуката во тимот да не го вклучи Матија Д’Алесандро, 20-годишниот син на претседателот на Тернана. Наводно, имало договор за испраќање на Д’Алесандро на позајмица за да стекне искуство, но тоа не се остварило. Клубот во четвртокот објави дека на негово место ќе дојде уште еден легендарен фудбалер, Фабио Ливерани, но во неочекуван пресврт интервенираа играчите на Тернана и побараа итна средба со клупските челници. Само три часа подоцна, Абате беше вратен на клупата на Тернана…