Connect with us

Фудбал

Не е веќе тајна, Алонсо се збогува со Леверкузен, доаѓа во Реал со тројца негови блиски!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој се смета за сигурен кандидат, ќе ги донесе со себе најдоверливите луѓе кои моментално работат со него во Баер Леверкузен.

Вчера шпанскиот стручњак објави дека ќе ги напушти „аспирините“ на крајот од сезоната. Претходно во текот на денот, реномираниот шпански весник „Марка“ објави дека Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид и ќе го замени Карло Анчелоти, кој ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Според „Билд“, Алонсо ќе пристигне во Мадрид со тројцата свои помошници од Баер. Станува збор за Себастијан Парија, како и за фитнес тренерите Исмаел Каменфорт-Лопез и Алберто Енсинас.