Тајмаут
Не му оди со Манчестер Сити, не му оди ни во приватниот живот, Гвардиола се разведува, заедно се 30 години!

Според шпанските медиуми, Пеп Гвардиола и неговата сопруга Кристина Сера се разделиле по 30 години брак. Менаџерот на Манчестер Сити и Сера се венчаа на интимна церемонија на периферијата на Барселона во 2014 година, но сега решија да се разделат.
Веста за нивниот развод прв ја објави шпанскиот портал Спорт. Двојката, која се запозна во 1994 година, живееше одвоено повеќе од пет години откако Сера се врати во Барселона со една од нивните три ќерки, Валентина (17), додека Гвардиола остана во Англија поради работа. Заедно имаат уште две деца, Марија (24) и Мариус (22). Гвардиола и Сера, бразилска новинарка и писателка, останаа заедно и покрај тоа што не живееја во ист град и повремено се појавуваа во јавноста заедно со текот на годините. Според извештајот на Спорт, одлуката за прекин на нивниот брак била донесена во декември, а за разводот знаеле само членовите на нивниот потесен круг. На нивните доверливи пријатели и семејството им било кажано да не откриваат дополнителни информации, се вели во текстот.