Connect with us

Фудбал

Не оди тој никаде, Ливерпул потврди: Салах потпиша!

Ливерпул денеска ја потврди големата вест  на неколку медиуми, кои повикувајќи се на сигурни извори објавија дека Мохамед Салах ќе потпише нов договор и ќе остане на „Енфилд“. До пред неколку недели изгледаше како невозможна мисија и сите го видоа Салах како заминува од „црвените“ летото, со кого му истекуваше договорот, но се случи голем пресврт. Денеска Ливерпул објави дека „приказната продолжува“, а со одлично видео потврди дека Египќанецот потпишал нов договор.

Интересно, Ливерпул само објави дека Салах потпишал договор и дека ќе остане во клубот и по оваа сезона, но не го открија периодот за кој е потпишан договорот.