Connect with us

Фудбал

Не прегазивте-Модриќ го тешеше Гвардиол во тунелот по мечот (ФОТО)

По натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, хрватските фудбалери од двата тима се собраа во тунелот. Главна улога уште еднаш ја имаше Лука Модриќ кој уште еднаш покажа за каков голем лидер е. Реал Мадрид и во реваншот го победи Манчестер Сити и со убедливи 3:1 (6:3 вкупни) се пласираше во плеј-оф рундата и во осминафиналето на Лигата на шампионите. Еден од послабите натпревари, а имаше уште многу оваа сезона, одигра Јошко Гвардиол во одбраната на Манчестер Сити. За вториот гол, Килијан Мбапе си поигра со него и му ја направи ноќта кошмар. По натпреварот Гвардиола беше неутешен. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од тунелот на кои се гледа како хрватските репрезентативци се собрани и разговараат за случувањата на натпреварот.


На Гвардиол му пријде Лука Модриќ, долгогодишниот капитен на националниот тим. Модриќ се обиде да го утеши својот помлад колега, а друштво им правеа уште еден Хрват, Матео Ковачиќ и стоперот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер.

Според шпанскиот весник „Дефенса централ“, Гвардиол искрено му признал на Модриќ: Не прегазивте.

Воедно, Модриќ се обиде да го убеди својот помлад колега што поскоро да ги заборави настаните од натпреварот.