Connect with us

Фудбал

Нејмар го раскина договорот со Ал Хилал откако за 7 меча им зема 200 милиони евра! (ФОТО)

Познатиот бразилски фудбалер Нејмар го раскина договорот со Саудиска Ал-Хилал година и пол откако премина од ПСЖ во трансфер вреден 90 милиони евра. Триесет и двегодишниот Нејмар доби 200 милиони евра плата од Саудијците, но тоа што го покажа на теренот сигурно не ги оправда тие пари. Имено, Нејмар поради чести повреди пропушти 70 од можни 77 натпревари за време на неговиот престој во Ал Хилал.

Околу полноќ Ал-Хилал објави дека договорот на Нејмар е раскинат со заедничка согласност, а веќе е познат клубот во кој ќе ја продолжи кариерата, а тоа ќе биде бразилскиот Сантос каде што ја започна кариерата. Иако се очекуваше неговото заминување во МЛС лигата, поточно во Интер Мајами или Чикаго Фајр, Сантос беше најконкретен и навивачите на бразилскиот клуб повторно ќе имаат можност да го гледаат фудбалерот кој им донесе шест трофеи со 136 гола во 225 натпревари помеѓу 2009 и 2013 година.