Connect with us

Фудбал

Нејмар на навредите на навивачите одговори со чудесен гол директно од корнер, а потоа се сврте кон нив (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски напаѓач Нејмар конечно се враќа во вистинската форма, а доказ за тоа е натпреварот од 12. коло на бразилското првенство против Интер де Лимеира, каде постигна гол и запиша две асистенции.

Тој во деветтата минута од натпреварот му асистираше на Тикињо Соареш за водство на Сантос, а во 27. минута дојде најдобриот момент на натпреварот. Навивачите на домашната екипа погрдно го скандираа неговото име при изведувањето на ударот од корнер, а тој ги замоли тоа да го направат уште погласно, што и го направија. Нејмар се реваншираше со феноменален гол од корнер.

Тоа не беше крајот на неговиот феноменален настап, бидејќи во 32. минута од натпреварот повторно му асистираше на Тикињо Соареш, кој го постави конечниот резултат на натпреварот.
Она што е интересно е дека Нејмар веќе одигра повеќе минути во шест натпревари за Сантос оваа сезона отколку за две години во Ал Хилал.

На шест натпревари за Сантос досега на теренот помина 432 минути, додека за две години во клубот од Саудиска Арабија одигра вкупно 428 минути.