Connect with us

Фудбал

Нејмар по 12 години повторно заигра за Сантос: Противниците го „претепаа“ на теренот, па се фотографираа со него (ВИДЕО)

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар по 12 години заигра за Сантос и покажа дека уште има магија во неговите нозе.

Сантос го пречека Ботафого, а Нејмар натпреварот го започна на клупата за резервни играчи. „Принцот“, како што го нарекуваат во Сантос, влезе во игра на полувремето со водство на својот тим со 1:0 и во 45 минути покажа зошто е идол на целата нација.

Противничките играчи не бираа средства за да го спречат, а тој доби многу жестоки удари. Сепак, по натпреварот видовме сцена која е навистина ретка на фудбалските терени.