SportM
Фудбал

Нејмар застана во одбрана на Кристијано Роналдо

Редакција8 јан 2025
Нејмар застана во одбрана на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо пред десетина дена привлече големо внимание со изјавата дека фудбалот во Саудиска Арабија е подобар од францускиот, а сега во тоа мислење му се придружи и Нејмар.

Двете најголеми ѕвезди на саудиската про лига го делат истото мислење, а тоа е дека првенството таму е подобро од француската Лига 1, која традиционално се нарекува една од „петте лиги“. Поради таа изјава Роналдо буквално беше „распнат“ од прославените Французи, а беше мета на критики и од шпанската Ла Лига која се пошегува на негова сметка. Така Адил Рами му порачал на Роналдо дека „зборува сра*е“, додека Емануел Петит му рекол дека „понекогаш е подобро да молчиш отколку да кажеш нешто глупаво“. Сепак, има и такви кои мислат исто како Роналдо. Така, неговиот колега од саудискиот шампионат Нејмар го поддржа овој став.

-Се согласувам со Роналдо. Мислам дека денес Саудиската Про лига е подобра од Лига 1. Нивото на саудискиот фудбал расте, играчите се подобри, но и Лига 1 има своја сила. Тоа е натпреварување на високо ниво и јас го знам тоа многу добро“, рече Нејмар накратко за лигата во која настапува моментално во интервју за Си-Ен-Ен.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.