Connect with us

Фудбал

Нема Македонец меѓу најталентираните 60 фудбалери според „Гардијан“

Секоја година популарниот „Гардијан“ во Англија, прави листа на 60 играчи кои треба да бидат иднината на фудбалот. Во изминатите години тука се најдоа некои фудбалери кои во овој момент се најдобри во своите репрезентации, како што е примерот со Килијан Мбапе.

Оваа година повторно нема Македонци меѓу најталентираните 60. фудбалери според Гардијан.

Од соседството, има само еден од Србија, и еден фудбалер од Бугарија.

На листата на најталентирани играчи се најдоа на пример синот на Лилијан Турам, Кепрен Турам, потоа фудбалерот на Реал Мадрид Родриго кого го нарекуваат новиот Нејмар. Хрватска има два играчи на листата, а најмногу има од Франција – пет, потоа Шпанија со четири, а Германија, Италија и Бразил имаат по тројца играчи на листата.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com