Connect with us

Фудбал

Неверојатно! Играше за Реал Мадрид, два пати освои ЛШ, а сега е уапсен поради 1 тон нелегална морска храна

Двократниот освојувач на Лигата на шампионите и поранешна ѕвезда на Португалија и Реал Мадрид, Фабио Коентрао (35) е уапсен со повеќе од еден тон морска храна на илегална фарма.

Од Португалија пристигнува малку неверојатна вест. Локалниот весник Jornal de Noticias пишува дека поранешниот португалски ас бил уапсен со повеќе од еден тон морска храна на илегална фарма што ја изнајмил пред седум месеци во рибарското пристаниште Повоа де Варзим. Морската храна ја запленила Генералниот директорат за природни ресурси, безбедност и поморски услуги (ДГРМ). Поранешната европска фудбалска ѕвезда рано се збогуваше од играчката кариера, а наместо сѐ уште да настапува на фудбалските терени бидејќи се уште е во играчките години, тој се занимава со недозволен риболов.

Исто така, сопственик на бродови, Коентрао отвори бизнис без лиценца и веќе доби наредба да ги затвори вратите на компанијата. Инспекторите на ДГРМ пронашле 12 цистерни полни со морска вода во кои имало јастози, ракчиња и ракови. Од запленетите над еден тон морска храна, 760 килограми немале фактури на кои имало дозволи за риболов. Останатите 260 килограми ималe фактура и документација за уловот, но неговиот бизнис немал дозвола за работа и продажба на одгледувана риба. Постојат сомнежи дека Коентрао бил вклучен и во нелегално вадење вода и плен директно од морето. Toj е уапсен, но судските власти го укинаа притворот, сепак поранешниот европски фудбалски шампион со Реал Мадрид се соочува со финансиска казна.

Коентрао (36) ја заврши кариерата на само 32 години и се посвети на риболовот и животот на море, на кои го научи татко му. Играше за великани како Реал Мадрид, Спортинг, Монако, Бенфика и многу други. Во текот на кариерата освои бројни титули во Реал Мадрид, со кој стана двократен освојувач на Лигата на шампионите, двапати светски клупски шампион, два пати шпански шампион итн. Со Бенфика беше шампион на Португалија, а за репрезентацијата на својата земја одигра 52 натпревари.