Connect with us

Фудбал

Нов голем проблем го погоди Реал Мадрид

Реал Мадрид нема да може да смета на Винисиус Јуниор за следните два натпревари во Ла Лига, откако беше одбиена жалбата на клубот за црвениот картон на Бразилецот, објави шпанското издание Relevo.

Винисиус доби црвен картон на натпреварот против Валенсија поради удар во лицето на голманот Столе Димитријевски и беше санкциониран откако ја прегледа ситуацијата со видео судискиот систем-ВАР.

Реал Мадрид апелираше дека е направена грешка во целата низа на настани опишани од судијата што доведоа до црвениот картон. Апелацискиот совет заклучи дека секое друго толкување на настаните не го поништило мислењето на главниот судија и дека акцијата добила правилна казна. Комисијата не ги сметаше расните напади како олеснителен фактор, ниту пак размислуваше за намалување на казната, бидејќи два натпревари се минимална санкција за постапките на бразилскиот фудбалер и затоа не може да се намали, напиша Релево.

Реал во четврток ќе се соочи со Селта Виго во Купот на Кралот во Шпанија, а Винисиус Јуниор ќе биде достапен за тој судир и за дуелот од Лигата на шампионите со РБ Салцбург следната недела. Тој ќе ги пропушти натпреварите од Ла Лига дома со Лас Палмас во недела и на гостувањето кај Ваљадолид следниот викенд.