SportM
Фудбал

„Новиот Салах“ пристигна во Англија! Мармуш потпиша за Манчестер Сити, платени 75 милиони евра!

Редакција23 јан 2025
„Новиот Салах“ пристигна во Англија! Мармуш потпиша за Манчестер Сити, платени 75 милиони евра!

Манчестер Сити го донесе своето трето и најголемо засилување во овогодишниот јануарски преоден рок.

По дефанзивците Витор Реис и Абдукодир Хусанов, Сити го доведе и напаѓачот Омар Мармуш. Мармуш пристигна во Сити од Ајнтрахт за 75 милиони евра, а со Граѓаните потпиша договор до летото 2029 година.

25-годишниот Египќанец важи за наследник на Мохамед Салах, а ќе видиме дали ќе може да ја продолжи одличната форма од оваа сезона во Сити. Мармуш, кој е благословен со неверојатна брзина, оваа сезона за Ајнтрахт на 26 натпревари постигна 20 гола и додаде 14 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.