Connect with us

Фудбал

Оди во пеколот – Модриќ го нападна Винисиус пред сите: Бесниот Бразилец отрча во соблекувалната (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари тешка победа од 3-2 против Леганес, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Купот на Кралот со гол во судиското надополнување, а мечот беше одбележан и со еден вид судир меѓу Лука Модриќ и Винисиус.

На пет минути пред крајот на натпреварот, Модриќ го „построи“ Винисиус и го прекори пред сите, а сето тоа затоа што не се вклучи поактивно на контранападот противникот, туку се шеташе по теренот. Хрватскиот фудбалер претходно двапати се обиде да му каже на Винисиус дека не им помага на соиграчите, но овој го игнорираше. Модриќ тогаш бурно реагирал и почнал да вика: „Зошто не се враќате? Зошто не и помагате на одбраната, бесно рекол Модриќ.

Винисиус потоа гестикулирајќи го прашал што сака од него, на што Модриќ му рекол да оди во пеколот.

Бразилецот беше толку лут што на крајот од натпреварот не сакаше да слави со соиграчите туку веднаш истрча во соблекувалната, а оваа ситуација ја коментираше и Marca.

„Демонстрацијата на хиерархија беше спектакуларна. Малку играчи во соблекувалната можеа да реагираат толку остро на Винисиус, кому воопшто не му се допадна јавната осуда. Тој не беше премногу среќен по победничкиот гол на Гарсија и не остана да ја прослави победата со соиграчите, туку истрча директно во соблекувалната“, пишува Marca.

За инцидентот се огласи и Карло Анчелоти кој му даде поддршка на Модриќ.

-Што и да се случи, имам доверба во Модриќ. Секогаш сум на страната на Модриќ, така е и овој пат“, изјави Карло Анчелоти.