SportM
Фудбал

Откако го купија Кејн, Баерн испадна од сите натпреварувања, дали конечно на 31 година ќе го освои првиот трофеј?!

Редакција21 апр 2025
Откако го купија Кејн, Баерн испадна од сите натпреварувања, дали конечно на 31 година ќе го освои првиот трофеј?!

Хари Кејн има 31 година и е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Сепак, иако играше на високо ниво, нема ниту еден трофеј. Дали е судбина во прашање или лош избор на клубови во погрешен момент, не се знае, но тој сезонава има шанса да го освои првиот шампионски трофеј во сезоната. До крајот на Бундеслигата има уште 4 кола и во игра се 12 бодови. Баерн има 72 бодови на лидерската позиција, пред Леверкузен кој има 64. Тоа значи дека има осум бодови предност, или во превод една победа и реми до крајот се доволни за титула.

Инаку, Баерн Минхен го ангажираше Хари Кејн во 2023-та година. Од тогаш нема трофеј ниту германскиот тим. Два пати испадна во Лигата на шампионите, два пати во германскиот куп, а во Бундеслигата минатата сезона заврши на третото место. Дали во втората сезона во дресот на Баерн, Хари Кејн ќе го освои првиот шампионски трофеј, останува да видиме.

Standings provided by Sofascore
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.