SportM
Фудбал

Откриена е причината, еве зошто Мурињо го повлече за нос тренерот на Галатасарај (ВИДЕО)

Редакција4 апр 2025
Откриена е причината, еве зошто Мурињо го повлече за нос тренерот на Галатасарај (ВИДЕО)

По четвртфиналниот натпревар од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент меѓу тренерот Жозе Мурињо и Окан Бурук, а сега е откриено што му претходело на нивниот конфликт.

Според пишувањето на турскиот весник „Милиет“, Мурињо по натпреварот им пришол на судиите и го изразил своето незадоволство од нивната арбитража, велејќи: „Лошо ја судевте играта“.


Окан Бурук, честитајќи им на судиите, одговори: „Не му верувајте. Добро ја менаџиравте играта. Донесовте правилни одлуки“.

Потоа Бурук му се обратил на Мурињо со зборовите: „Добра игра“, што наводно го испровоцирало португалскиот тренер. Се тврди дека тогаш Бурук упатил навредлив збор кон Мурињо на англиски јазик, по што Мурињо реагирал фаќајќи го Бурук за нос. Поради оваа постапка Мурињо доби црвен картон, а веројатно го чека тешка казна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.