Фудбал
„Ова повеќе не е фудбал! Пенал во ЛШ за кој реагира цела Европа, гнев и очај во Италија: Не ги разбирам правилата!
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2025/02/penal-atalanta.jpg)
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини беше бесен поради досудениот пенал на крајот од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и поразот на неговиот тим од Клуб Бриж со 2-1. Натпреварот беше решен во судиското надополнување кога дефанзивецот на Аталанта, Хиен, во обид да ја блокира топката, со рака го удри во глава напаѓачот на Бриж, кој не ни падна, туку судијата покажа на белата точка.
Ниту проверка во ВАР просторијата не го убеди турскиот судија Умут Мелер, па Нилсон ја постави топката на 11 метри и погоди за конечни 2:1.
–Ова веќе не е фудбал, тие сакаат целосно да го елиминираат контактот. Овој спорт повеќе не е ист. Не ги разбирам правилата“, изјави Гасперини по мечот, кој беше премногу бесен.