SportM
Ракомет

Пелистер го совлада Динамо Букурешт, Митрески со 16 одбрани!

Редакција21 фев 2025
Пелистер го совлада Динамо Букурешт, Митрески со 16 одбрани!

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во натпревар од 12. коло од групата А во Лигата на шампиони со 25:24 го совлада романски Динамо и поразен го испрати во Букурешт.

Во интересен и возбудлив натпревар, битолчани успеаја да освојат два бодови со кои остануваат „во игра“ за следната фаза од ракометната Лига на шампиони заедно со Висла, но можеби и со Динамо Букурешт, доколку романскиот тим продолжи со порази во лигата. Всушност, тоа беше и главниот мотив на клубовите кои  пред полната спортска сала демонстрираа снажен и израмнет ракометен дуел.

Во првото полувреме битолчани имаа предност се до 26 минута кога на семафорот беше 12:12, а на одмор со гол предност 12:13, заминаа гостите. Во вториот дел рамноправната игра продолжи, но надежите за гостинска победа ги „стопи“ македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски кој беше несовладлив од сите позиции, и со 16 одбрани успеа на Еурофарм Пелистер да му обезбеди победа од 25:24.

Светските познатите ракометни судии Андреа Марин и Игнасио Гарсија од Шпанија, без грешки го судеа натпреварот и беа поздравени од објективната битолска публика.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.