Пелистер со 10 играчи славеше против Шкупи на Чаир, Силекс се доближи на Шкендија

Фото: tv21m
Екипата на Силекс најмногу профитира по 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Кратово попладнево забележа победа на гостувањето во Струмица и ги искористи „киксовите“ на ривалите за највисоко пласман на првенствената табела. Пелистер со 10 играчи славеше на гостувањето кај Шкупи со 0:1.Пелистер во 69. минута остана со играч помалку откако Тарасенко заработи втор жолт картон. Но само пет минути подоцна Ристевски даде гол за водство на битолчани од 1-0 што беше и конечен резултат.
Резултати на денешните пет натпревари во ПМФЛ:
Брера – Силекс 0:2
Беса – Струга 3:2
Шкупи – Пелистер 0:1
Тиквеш – Гостивар 2:1
Воска – Работнички 1:1.
Табела: Шкендија 50 бода, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 22, Тиквеш 21, АП Брера 21, Беса 21, Воска 19 бода.



