SportM
Фудбал

Перес им ветил на играчите: Елиминирајте го Арсенал и ќе добиете богата премија!

Редакција15 апр 2025
Перес им ветил на играчите: Елиминирајте го Арсенал и ќе добиете богата премија!

Реал Мадрид на домашен терен утре вечер го пречекува Арсенал во реваншот од четвртфиналето на ЛШ. Мисијата за пласман во полуфиналето е супер тешка, бидејќи во Лондон загубија со убедливи 3:0. Но, никогаш Реал не треба да се отпише, па ниту сега.

Како дополнителен мотив првиот човек на клубот Флорентино Перес им ветил на играчите богата премија доколку го елиминираат Арсенал, пишуваат шпанските медиуми, иако сумата не е откриена. Колку за потсетување, фудбалерите на Реал добиле по 250.000 евра премија за елиминацијата на Атлетико Мадрид, а за освојување на пехарот минатата сезона, секој фудбалер добил по 900.000 евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.