По 150.000 евра за секој, финансиска инјекција за клубовите од ПМФЛ
Редакција25 мар 2025

Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема.
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.
Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).
Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



