SportM
Фудбал

По поразот од Вардар, шампионот остана без тренер!

E R23 фев 2025
По поразот од Вардар, шампионот остана без тренер!

Фото: tv21m

Шампионот Струга Трим Лум во продолжение на сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде предводена од друг тренер.

Досегашниот шеф на стручниот штаб, Ќатип Османи поднесе оставка по вчерашниот пораз од Вардар.

– Ќатип Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум. По слабите резултати, особено на стартот од пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од селекторската функција, а истото го прифатија и челниците на клубот кои во наредните денови ќе одлучуваат за неговиот наследник.
Ќатип Османи го презеде раководството на Струга Трим Лум на крајот на мај минатата година, предводејќи го тимот на вкупно 26 натпревари (12 победи, 5 нерешени и 9 порази).
Клубот му изразува благодарност на Осман за неговиот професионализам во времето поминато заедно, посакувајќи му се најдобро во понатамошната кариера, соопштија од Струга ТЛ.

Османи ја водеше Струга на 20 натпревари во првенството, два во Купот на Македонија, два во квалификациите за Лигата на шампионите и два во квалификациите за конференциската лига.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.