Connect with us

Фудбал

Почина 22-годишен фудбалер, му се слошило за време на загревање пред фудбалки меч!

Фудбалерот на јужноафриканскиот Дурбан Сити, Синамандла Зонди (22) почина откако му се слоши за време на загревањето во пресрет на тамошниот првенствен натпревар од втората лига.

Имено, Зонди без претходни проблеми, со соиграчите од Дурбан Сити, нормално се загреваше во пресрет на првенствениот дуел против Милфорд. Младиот фудбалер во еден момент колабирал на теренот и итно бил префрлен во блиската болница. Иако во меѓувреме започна натпреварот помеѓу Дурбан Сити и Милфорд, натпреварот беше прекинат на полувремето кога и официјално беше објавена веста за смртта на Зонди.