Connect with us

Фудбал

Почина познатиот аргентински голман „Лудакот“, кој беше еден од првите што стави голмански ракавици

Легендарниот аргентински голман Хуго Гати почина на 80-годишна возраст, само неколку месеци откако имаше одредени компликации по операцијата.

За време на кариерата, Гати го доби прекарот „Лудакот“ поради неговиот ексцентричен начин на игра, а во кариерата одигра повеќе од 350 натпревари за Бока Јуниорс. Веста за неговата смрт дојде неколку недели откако тој беше префрлен на интензивна нега по заразување со пневмонија.

Гати имаше и операција на колкот, кој го повреди откако падна додека си играше со своето куче. Тој почина во неделата откако помина еден месец во болница, потврдија изворите на La Nacion.

Инаку, Гати беше еден од првите голмани кој носеше ракавици, а за фудбалската репрезентација на Аргентина запиша вкупно 18 настапи. Играше на Светското првенство во 1966 година, а во кариерата играше и за аргентинскиот гигант Ривер Плата и за Бока Јуниорс. Тој во својата кариера одигра 765 натпревари во аргентинскиот шампионат, што е рекордер, а воедно е и еден од првите голмани кои редовно го напуштаат шеснаесетникот. По пензионирањето од Бока, тој стана ТВ аналитичар. Да додадеме дека тој се најде на насловните страници во 2019 година откако тврдеше дека Лионел Меси ќе мора да ја напушти Барселона и да премине во Реал Мадрид за да докаже дека е најдобар на сите времиња.