Почнува главната рунда од СП, Македонија попладнево против Австрија
Редакција21 јан 2025

Фото: tv21m
Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.
По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.
Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.
Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.
Другите двојки од оваа група се:
Катар – Холандија (почеток 18 часот) и
Унгарија – Франција (Унгарија – Франција 21 часот).
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



