Почнува осминафиналето во Лигата на шампионите, вечерва битка за Мадрид, битка за Европа!
Редакција4 мар 2025

За вечерва се закажани првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, а први на терен ќе излезат фудбалерите на Клуб Бриж и Астон Вила чиј натпревар започнува во 18 часот и 45 минути. Иако белгискиот тим е аутсајдер во овој двомеч, таа улога ја одигра и против Аталанта и напредуваше на изненадување на многумина.
По големиот успех и елиминацијата на Јувентус, ПСВ ќе му гостува на Арсенал.
Дербито на вечерта ќе биде дуел меѓу градските ривали на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде Реал ќе му гостува на Атлетико. Преостанатиот меч ќе го одиграат Борусија и Лил, каде тешко е да се прогнозира победникот бидејќи тренерот на германскиот тим Нико Ковач знае како да игра вакви натпревари, а Французите секако не се за потценување.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



