Фудбал
Погледнете го моментот кога за малку ќе се степаа тренерот и капитенот на Милан (ВИДЕО)
Милан во вистинска драма ја совлада Парма со 3-2, но најголемо внимание привлече она што се случи по натпреварот.
wtf they literally jumped calabria lol pic.twitter.com/HwtGl86LXF
— gabe🇵🇹 (@itsgabe20) January 26, 2025
По последниот судиски свиреж, тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се упати кон Давиде Калабрија и за малку ќе се тепаше, пред да биде разделен од клупскиот персонал додека тој вриеше од гнев. Калабрија се обрати на пресот по натпреварот и рече:
– Адреналинот беше многу висок и ги расчистивме работите, не се разбираме добро. Ги измазнувавме работите, тоа е нормално во фудбалот. Се извинувам и затоа што тоа не е убаво. Најважен е тимот и пресвртот, изјави тој.
Дефанзивецот со месеци се поврзува со заминување од клубот и неговата иднина е неизвесна, особено по доаѓањето на Кајл Вокер. Не блескаше ниту против Парма, а „La Gazzetta dello Sport“ објави дека Консеисао му замерил на неговото одење на музички концерт во петокот.
Италијанските медиуми пишуваат дека директорот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги „построил“ двајцата и ги натерал да зборуваат и да ги „испеглаат“ работите.