Connect with us

Фудбал

Погледнете зошто Мбапе ги воодушеви навивачите на Сити со потегот од ходникот на стадионот (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше еден од стрелците на Реал во синоќешната победа во Манчестер против Сити (3:2), а пред натпреварот направи потег со кој ја заслужи почитта кај навивачите на англискиот клуб.

Имено, кога Мбапе пристигнувал на стадионот „Етихад“ и видел дека може со нога да го згази грбот на Сити, го сменил патот и го заобиколил. Навивачите на Сити на социјалните мрежи беа воодушевени од овој потег на Французинот, кој на тој начин покажа почит кон својот клуб. За потсетување, Мбапе сега има скор од 24 гола и четири асистенции во 36 натпревари за Реал Мадрид.