Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Рома и Интер уапсен поради шверц на кокаин

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е приведен во Антверпен како дел од операцијата против трговија со дрога, соопштија локалните власти.

Ова се случи утрово кога полицијата изврши рација на околу 30 адреси во Антверпен и Брисел.

Инспекторите работат на канал за дистрибуција на дрога преку пристаништето Антверпен.

Наинголан, кој сега има 36 години, пред само неколку дена потпиша со белгискиот второлигаш Локерен-Темсе.

Ова е трето апсење за популарниот „Нинџа“, како што е познат фудбалерот. Во есента 2022 година, тој повторно беше уапсен во Антверпен, но овој пат за возење без дозвола.

Пет години пред тоа бил фатен како вози пијан.