Фудбал
Поранешниот играч на Барселона ја покажа ногата по тешката повреда, неговите мускули целосно атрофирани (ФОТО)
Поранешниот фудбалер на Барселона, Рики Пуиг (25) покажа како изгледа неговата нога нешто повеќе од еден месец откако заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти.
Актуелниот играч на ЛА Галакси на почетокот на декември се здоби со тешка повреда, па дури одигра повеќе од 30 минути со скинати предни вкрстени лигаменти на мечот против Сиетл Саундерс (1:0). 25-годишниот подоцна мораше да оди на операција, а сега сподели фотографија на која се открива изгледот на неговата нога повеќе од еден месец по несреќната повреда.
Riqui Puig shared an update on the rehab process of his knee.
The midfielder tore the anterior cruciate ligament (ACL) in his knee during the Western Conference final in November. pic.twitter.com/klOaSS4KQV
— ESPN FC (@ESPNFC) January 22, 2025
Како што можете да видите, мускулите на левата нога целосно се атрофирани и го чека тежок пат на рехабилитација и враќање на теренот. Пуиг во своите 36 натпревари за овој американски тим постигна 17 гола и 14 асистенции, а на четири одиграни натпревари во плејофот на Ауди МЛС купот постигна четири гола и имаше исто толку асистенции. Да додадеме дека Пуиг ги помина сите младински тимови на Барселона, кои ги напушти летото 2022 година и како слободен играч се пресели во МЛС лигата, а за шпанската репрезентација до 21 година одигра четири натпревари пред да дебитира во сениорската репрезентација.