SportM
Фудбал

Потегот на Клоп е хит: Го исмеваше и имитираше тренерот на Монтереј (ФОТО)

Д М19 дек 2019
Потегот на Клоп е хит: Го исмеваше и имитираше тренерот на Монтереј (ФОТО)

Ливерпул потешко од очекуваниот го обезбеди пласманот во финалето на Светско клубско.

Англичаните тешко го совладаа северноамериканскиот првак Монтереј синоќа во Катар, а решавачки момент беше во 90-та минута кога Роберто Фирмино постигна гол за победа на Ливерпул.

Додека последниот дуел со Фламенго се очекува на 21 декември, на социјалните мрежи кружи еден потег на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Во еден момент од натпреварот, тренерот на Монтереј, Рикардо Антонио Мохамед Матијевиќ бараше црвен картон на Гомез за груб фаул над неговиот фудбалер, но неговиот гест кон судијата не му се допадна на Германецот кој се смееше на својот колега.

Погледнете …

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.