Connect with us

Фудбал

Потресна приказна за фудбалска легенда: Заработи милиони, го сакаше цела нација, а сега го издржува неговата мајка! (ВИДЕО)

Каков живот се крие зад Кристијан Танасе. Романецот беше познат фудбалер, играше за Стеауа, заработуваше милиони, а сега го издржува мајка му, откако остана без сопругата, ќерката и забите.

Танасе денеска има 37 години, а во своите најдобри денови беше еден од најдобрите романски фудбалери. За репрезентацијата одигра 40 натпревари, за Стеауа над 200 дуели, а играше и во Турција и Кина. Сепак, тој сега преживува кошмар.

Тој беше во брак со Адина Марија, но парот се разведе откако добија ќерка. Сакаше пороци, пред се алкохол и дрога и поради тоа изгуби милиони, но и заби. Работата да биде уште полоша, поранешната сопруга му забранила да се гледа со ќерката. Сега живее со мајка си и ги користи нејзините приходи, а неодамна изјава дала и несреќната жена.

-Јас, Танесе Е.Ц., како баба по татко на малото девојче, бев активно вклучена во нејзината грижа, како онаа која ја спроведуваше потребната рутина на грижа за бебето во првите недели од животот, се грижев додека нејзините родители беа отсутни од дома и постојано обезбедував пари за нејзините потреби. Нагласувам дека паричните суми што нејзиниот татко ги даваше месечно претставуваа главен извор на приход за семејството кое го сочинуваат Танасе Кристијан, Танасе Марија Адина и нивната ќерка. Воедно, сметајте дека Танасе Е.Ц. во својство на баба по татко на малолетното девојче, основното лице на кое нејзините родители, син ми и снаа ми се обраќаа секогаш кога им требаше, им помогнав безусловно, изјавила неговата мајка.

Танасе има 37 години, има уште време за промени, но неверојатно е во каква ситуација се најде човекот кој пред неполни 10 години настапуваше во романската репрезентација.