Connect with us

Фудбал

Познат коментатор на мечот Јувентус-Интер жестоко го навреди премирот на Косово, па беше заменет на полувреме (ВИДЕО)

Познатиот телевизиски коментатор од Косово Андин Локај за време на директниот пренос на италијанското дерби Јувентус – Интер на каналот Спорт 1, жестоко го навреди косовскиот премиер Албин Курти.

Неговиот испад стана вирален на социјалните мрежи, а телевизијата која го пренесуваше натпреварот реагираше со замена на полувремето.

„Се надевам дека нашиот премиер не не гледа вечерва. Тоа животно (забелешка на уредникот) е најлошиот премиер во историјата на човештвото“, рече Локај.

Локај го коментираше натпреварот до полувремето, по што беше заменет. Веднаш штом беше забележано што се случува, беше направено се за да се замени со Арбон Елугај, кој продолжи да ја коментира играта до крајот.

“ArtMotion се извинува за инцидентот со коментаторот за време на коментарот на натпреварот Јувентус – Интер. ArtMotion изразува жалење за непримерните коментари на коментаторот Андин Локај на натпреварот Јувентус – Интер на каналот Sport 1. Веруваме дека јазикот на коментаторот Локај бил целосно несоодветен и непрофесионален”, се вели во соопштението на телевизијата.

ArtMotion покрена дисциплинска постапка за сериозно професионално недолично однесување против Локај и се огради од неговото однесување и воедно им се извини на сите гледачи кои го следеа натпреварот. Последните информации велат дека Локај утрово добил отказ и дека од денеска ќе почне да бара нова работа.