Фудбал
Продај го Винисиус на Саудијците и купи тројца-Совети за Перез, кој е во искушение
Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид е под големо искушение. Имено, се појавија информации дека Ал Хилал, од Саудиска Арабија е подготвен да плати за Винисисус неверојатни 1,3 милијарди евра. Оваа информација ја објави угледниот шпански весник „АС“. Формулата според овој весник е 300 милиони евра за Реал Мадрид да го пушти играчот и плус по 200 милиони евра годишно за пет сезони договор за Бразилецот.
Се уште не се огласиле ниту Винисиус, ниту Перез, ниту Реал Мадрид, но сепак сигурно се на искушенија. Веднаш стигнаа и совети.
Познатиот новинар Сиро Лопез смета дека првиот човек на кралскиот клуб треба да ја прифати понудата, а потоа да доведе три квалитетни играчи.
„Продади го Винисиус, па ангажирај го најдобриот стопер во Европа за 70 милиони евра, со 80 милиони евра може да се потпише најдобриот лев бек, а со останатите пари може да се потпише играч за врска кој би ги извршувал повеќе или помалку задачите што ги извршуваше Тони Крос”, порача Лопез.