Фудбал
ПСЖ го обновува договорот со својот капитен
Пари Сен Жермен е се поблиску до обновување на договорот со еден од главните играчи – Ахраф Хакими, објавија медиумите во Франција.
Новиот договор на Мароканецот ќе биде до летото 2029 година, а според него Хакими ќе добива 14 милиони евра годишно, додека до сега инкасираше 10 милиони.
Актуелниот договор на десниот бек беше до летото 2026 година, но парижаните не ризикуваа да чекаат со повторното потпишување на еден од нивните најважни играчи.
Хакими е дел од ПСЖ од летото 2021 година, со 17 гола и 26 асистенции на 143 натпревари во сите конкуренции досега и стана капитен на тимот.