Connect with us

Фудбал

Раководсвото на Милан разочарано од Ернандез, само тренерот го брани!

Раководството на Милан тешко се справува со елиминацијата од Лигата на шампионите од Феенорд, пренесува новинарот Николо Шира.

Според Шира, најголемо разочарување за управата на „росонерите“ е Тео Ернандез, кој доби црвен картон (два жолти) на реваншот (1:1). Французинот најпрво доби жолт картон за непотребно оттурнување на противнички играч, а во второто полувреме за симулација на пенал го доби вториот жолт картон. Забележано е дека играчот може да добие парична казна за тоа.

Исто така се зборува дека статусот на Французинот во клубот е променет. Доколку одбие да го продолжи договорот, кој истекува во јуни 2026 година, тој би можел да биде ставен на продажба во претстојниот летен преоден рок.

Единствен кој застана во одбрана на фудбалерот е тренерот Консеисао:

-Може да се каже дека судијата беше премногу суров, но моравме да бидеме психички посилни. Одговорноста е моја, а не на Ернандез и ќе разговараме за се што имаме во соблекувалната. До исклучувањето на Тео, Феенорд не ни знаеше како да дојде до нашиот гол. Разочарани сме и лути. Денес тоа му се случи на Тео, утре може да му се случи на некој друг. Како тим ќе му дадеме огромна поддршка. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, изјави Консеисао.

Феенорд го победи Милан со вкупни 2:1. Клубот од Ротердам во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Интер или Арсенал.

Сезонава 27-годишниот Фернандез одигра 34 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна четири гола и имаше 5 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.