Фудбал
Рашфорд не е повеќе играч на Манчестер Јунајтед!

Некогаш голем талент во Манчестер Јунајтед и долгогодишен првотимец во тој клуб, Маркус Рашфорд е нов напаѓач на Астон Вила. Од него се очекуваа големи работи, но сепак не стана она на што се надеваа на „Олд Трафорд“. Тој пристигна во Астон Вила на позајмица и веднаш ќе го заземе неговото место покрај напаѓачот Оли Воткинс.
„Благодарност до Јунајтед и Вила што ја реализираа оваа позајмица. Имав среќа што ми пристапија неколку клубови, но Астон Вила беше лесен избор. Навистина се восхитувам на начинот на кој игра Астон Вила и амбициите на нивниот менаџер (Унаи Емери) Само сакам да „играм фудбал и возбуден сум што започнувам. На сите во Манчестер Јунајтед им посакувам среќа во остатокот од сезоната“, напиша Рашфорд (27) на социјалните мрежи непосредно пред полноќ во недела.
Дека новиот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим не смета на Рашфорд, стана јасно кога тој беше изоставен од тимот против Манчестер Сити во декември. Англичанецот на 27 години веќе има 426 настапи за тимот од Театарот на соништата, постигнувајќи 138 голови и 63 асистенции.