SportM
Ракомет

РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија

Редакција17 јан 2025
РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија.

-За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на резултатот, Македонија победи, напиша Милошевски на Фејсбук.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.