Фудбал
Римското дерби не може без тепачка (ВИДЕО)
На натпреварот од 19. коло од Серија А помеѓу Рома и Лацио, во судиското надополнување на времето во близина на центарот, Матс Хумелс од Рома и напаѓачот на Лацио, Тати Кастеланос се судрија.
По контактот, на тревата паднаа Матс Хумелс од Рома и Тати Кастеланос од Лацио. Потоа тие станаа, а Хумелс го турна Кастеланос, на што вториот одговори. Германецот потоа се фатил за главата и паднал на тревата. Тоа беше причина сите играчи на двата тима, од теренот и од клупата, да истрчаат на местото на конфликтот и да почнат да се караат, туркаат, а потоа се создаде огромна гужва. Судијата и неговите помошници се обиделе да воспостават ред, но тоа било невозможно.
Konec! 🐺
Roma vítězí 2:0, když odolala náporu Lazia. Posouvá se tak na 10. místo. Naopak Lazio zůstává 4. a na 3. Inter nadále ztrácí 5 bodů. Odehrálo však o 2 zápasy více. V závěru byla k vidění velká potyčka a vyloučení Tatyho. #RomaLazio pic.twitter.com/kgUJVtw0P3— Daniel Konečný (@DanielKonecny23) January 5, 2025
Миротворец беше тренерот на Рома, Клаудио Раниери, кој ги оттурна своите играчи, но и покрај сите напори, метежот продолжи. На крајот, Хумелс мина без казна, додека Кастеланос беше исклучен поради удар со глава на противник. Црвен картон доби и член на Рома поради удирање ривал. Стоперот Еван Ендика доби жолт картон поради туркање на Кастеланос.
Головите за Рома и победата ги постигнаа Пелегрини и Салемекерс. На другата страна кај Лацио, Кастеланос доби црвен картон во судиското надополнување. Рома сега е 10-та на табелата во Серија А, додека Лацио е на четвртото место.